Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода ја победија екипата на „Спортисимо“

КК „Ангели“ од Кисела Вода убедливо ја победи екипата на „Спортисимо“ од Кавадарци, со резултат 117:51.

Со оваа голема победа сениорите на „Ангели“ се искачија на првото место на табелата во втората кошаркарска лига.

На натпреварот предводеше Христијан Ристов со постигнати 20 поени, додека Симеон Митров со 18, Стефан Миловски со 15, а најмладиот играч Марко Спасовски со постигнати 14 поени.

Клубот од Кисела Вода следната недела ќе игра на гости во Тетово со КК „Тетекс“.