Реконструкција на игралиште за кошарка во општина Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека е започната реконструкцијата на игралиштето во ООУ „Мирче Ацев“.

Стојкоски апелира да не се гази на подлогата и да не се пуштаат домашни миленици за да не се оштети во фазата на изработка.

- Ова игралиште е од огромно значење за учениците, но и за децата кои живеат во непосредна близина на училиштето, објави Стојкоски.