Комуналните редари на терен во Градскиот парк

Комуналните редари на Град Скопје денеска беа во редовна контрола во Градскиот парк во насока на запазување на комуналниот ред од страна на посетителите.

Тие ги опоменуваа граѓаните своите отпадоци да ги фрлаат во корпите за ѓубре со цел одржување на хигиената и чистотата на паркот.