Комуналните редари на Градскиот инспекторат викендов открија повеќе локации во реонот на Вардариште на кои се спалуваат кабли

Комуналните редари на Градскиот инспекторат викендов открија повеќе локации во реонот на Вардариште на кои се спалуваат кабли.

– По реакцијата на Комуналните редари поголема група на граѓани упатија вербални закани кон редарите, при што беше известено Министерството за внатрешни работи. Засилените контроли продолжуваат – информираат од Градскиот комунален инспекторат.

Татјана Василева Стојановска смета дека засилените контроли не се доволни за да им се стави крај на прекршителите.

– Господа, таму треба да патролира полиција нон стоп. Тие локации не престануваат со палење. Сериозно треба да се заземете веднаш со МВР и сите други надлежни, а не едни инспектори да ги посетат, па отпосле полиција, па ај пожарна, па некој десетти. Или преземете сериозни мерки или, утре пак, ќе биде запалено – напиша таа на фејсбук.