Комбе во водите на Охридското Езеро, кај Градиште - возачот сакал да влече чамец

Несекојдневна ситуација кај кампот Градиште во Охрид. На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е снимено токму кај популарниот камп. 

Возило комбе, наводно, сакало да извлече чамец од водите на езерото, но и самото паднало, па присутните помагаат да биде извлечено. 

Автентичноста на видеото не е официјално потврдена, но околината навистина наликува на плажите кај Градиште.