Во пресрет на туристичката сезона депонијата „Буково“ во Охрид повторно гори

Речиси и да нема лето каде пред и за време на туристичката сезона депонијата „Буково“ не е мета на пиромани. Вчера повторно оваа депонија е запалена од страна на непознато лице. Од ЈП „Охридски комуналец“, известуваат дека екипи на претпријатието веднаш биле испратени на терен, каде се преземени сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на пожарот.

„Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја“, велат од „Охридски комуналец“.

За инцидентот се известени и во СВР-Охрид, од каде ќе биде поднесена кривична пријава за подметнат пожар од непознат сторител.