Од почетокот на годината па се до денес во 23 сообраќајни незгоди загинале 24 лица на улиците во Скопје. Во споредба со 2017 година оваа бројка е намалена за 27 проценти, велат статистиките на Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајната статистика покажува дека најчеста причина за сообраќајни незгоди се неприлагодената брзина, недржење страна и правец и непочитување на правилата за првенство на минување.
Булеварите „Борис Трајковски", „Кочо Рацин" и „Партизански одреди" се најкритични места во урбаните средини, додека населбата Арачиново е најкритична рурална средина во која најчесто се случуваат сообраќајни незгоди.