Кои девет пожари на отворено биле изгасени вчера?

Во текот на вчерашниот ден имало девет пожари на отворено и неколку помали интервенции и сите се изгасени.

"Тие биле во општините: Бутел, кај с. Љубетен (запалена ниска вегетација); Сарај, покрај автопатот Скопје – Тетово (ниска вегетација); – Радовиш, кај с.Конче (депонија , стрништа и грмушки); Струмица кај с.Доброшинци (ниска вегетација); Кавадарци кај месноста „Танкото Патче“ (ниска вегетација); Свети Николе до градот (депонија и мал дел ниска вегетација); Пробиштип, кај с. Ратавица (земјоделска површина под житна култура, нискостеблести растенија и ниска вегетација) и во Општина Пробиштип кај с. Дреново (запалени нискостеблести растенија, ниска вегетација и лозје изгорена површина 3 Ха)", информираа од Центарот за управување со кризи.