Кога треба да станеме наутро за да бидеме продуктивни во текот на денот?

За голем дел од луѓето, ѕвонењето на алармот наутро е една од најтешките работи.

Photo by Julian Hochgesang on Unsplash

Успешните луѓе често истакнуваат дека дел од нивниот успех се должи на тоа што стануваат рано наутро. Но, да не брзаме со заклучоци.

Истражувачите од Болницата за жени во Бостон испитувале податоци од 60 студенти,во период од 30 дена.

Иако сите студенти спиеле од прилика ист број часови, оние кои оделе на спиење и се буделе во различен период во текот на неделата покажувале послаби резултати во однос на завршувањето на обврските, за разлика од оние кои се придржувале на ист распоред на спиење.

Резултатите покажуваат дека конзистентноста, односно одењето на спиење и будењето во исто време се клучен фактор за успешност во текот на денот. Останатите истражувања ги дополнуваат ваквите податоци. Во 2018 година, истражувачите од универзитетот Бајлор спровеле слично истражување со тоа што ги истражувале навиките меѓу студентите кои студирале дизајн на ентериерот.

Тоа што тие го заклучиле не е многу различно од оваа студија: колку понередовен е нашиот распоред за спиење, толку потешко се носиме со задачите во текот на денот или неделата.