Ќе се урива пералната која се наоѓа среде булевар во Аеродром

Пералната која буквално се наоѓа среде булеварот Трета македонска бригада во Општина Аеродром, ќе се урива пролетва, најавуваат од Град Скопје, пишува СДК. 

Веќе трета година откако улицата беше проширена во булевар е пресечена со времен објект, автоперална. Екс-градоначалникот Коце Трајановски при пуштањето на булеварот кажа дека за објектот имало постапка за експропријација и затоа не можеле да ја урнат пералната, па булеварот во еден дел наместо две има една коловозна лента.

Поради пресечениот булевар, ова место изминативе три години е црна точка во Скопје. Никаде на булеварот нема сообраќајни знаци за предупредување, па во овој дел се случија повеќе сообраќајни несреќи, дури и со жртви.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека овој проблемот кој го затекнал нерешен од неговиот претходник Трајановски конечно е отстранет, односно завршена е постапката за експропријација и наскоро ќе почне пробивањето на тој дел од булеварот.

„Судската одлука наредната недела ќе стане правосилна, по што ќе можеме уривање на пералната, а потоа и ќе го асфалтираме тој дел, со што оваа сообраќајница нема повеќе да биде пресечена и небезбедна каква што ја направи минатото раководство на Градот“, вели Шилегов.

cheap nike free run 5.0