Кисела Вода ги санираше детските игралишта во четири паркови

Општина Кисела Вода во повеќе паркови спроведе акција за санација на урбаната опрема и детски игралишта на своја територија.

Како што соопшти Општината, санација на постојната урбана опрема, детските игралишта и реквизити извршена е во парковите во Црниче и Пржино, паркот “Ѓорги Димитров”, како и во паркот “Пушкин”.

Локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со активности за санација и обнова на постојната урбана опрема.

Општина Кисела Вода апелира до жителите да ја чуваат обновената урбана опрема и детските игралишта и да придонесат тие да останат во употреблива состојба.