Санирана оштетената заштитна ограда пред училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве по втор пат ја санираа оштетената заштитна ограда на улица „Васко Карангелески“ пред основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

Неодамна поставената заштитна ограда досега е оштетена два пати од несовесни граѓани во делот на булеварот пред продажните објекти со што се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот.

Град Скопје апелира до околните жители веднаш да пријават до надлежните институции доколку повторно забележат дека е отстранет дел од оградата за да биде санирана.

Безбедноста во сообраќајот е приоритет на Град Скопје и апелираме до граѓаните да ја чуваат поставената сообраќајна сигнализација и опрема.