Кејот на Вардар полн и во септември - скопјани добиваат навика за водење на здрав живот

Уште некој ден и ќе навлеземе во есента, но скопјани не се даваат.  Кејот е полн со спортистите и во септември, кои покрај тоа што сакаат да изгледаа убаво и да имаат добро тело, сепак се одлучуваат и за водење на здрав живот.

Движењето станува се' поприфатен начин на спортување за скопјани. Скопјани трчаат, ролаат, се возат на велосипеди или едноставно пешачат на патеките за таа намена на кејот на Вардар.

Според големата бројка, која од ден на ден постојано се зголемува, слободно може да се процени дека скопјани добиваат една нова навика, за водење на здрав живот.

Од најмали до најстари. Деца, жени, па дури и пензионери. Сите заедно можат да се забележат по патеките кои се рекреираат.

Бризот и динамичниот живот, за скопјани не преставува проблем да најдат време и за спортувањето.