За здрав живот и убаво тело, скопјани вежбаат на кејот на реката Вардар

Кејот на реката Вардар секогаш бил привлечен за спортистите и за оние кои сакаат да се рекреираат.

Движењето во природа станува се' поприфатен начин на спортување за скопјани. Во секое време на денот, а особено наутро и приквечер, стотици, па дури и илјади жители на Скопје трчаат, ролаат, се возат на велосипеди или едноставно пешачат на патеките за таа намена на кејот на Вардар.

Според големата бројка, која од ден на ден постојано се зголемува, слободно може да се процени дека скопјани добиваат една нова навика, за водење на здрав живот.

Од најмали до најстари. Деца, жени, па дури и пензионери. Сите заедно можат да се забечежат по патеките кои се рекреираат.

Бризот и динамичниот живот, за скопјани не преставува проблем да најдат време и за спортувањето.