Министерството за внатрешни работи во март месец има спроведено акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.
При контролата санкционирани се 194 учесници во сообраќајот, од кои 193 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и една санкција за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци велат од МВР