Карпошани против екстремната урбанизација: Имаме ли потреба од зголемување на бројот на згради во општината?

Жителите на скопски Карпош го предупредуваат градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски, кој неодамна стапи на функцијата, да внимава со понатамошното функционирање на општината и идните предлози и решенија на администрацијата и советниците, во однос на ДУП-овите. Тие како, што велат, не сакаат пренаселеност и екстремна урбанизираност, но и, како што велат, „зграда до зграда“. 

Дел од жителните прашуваат: 

-А зошто мора да се гради нешто, било што во Општина Карпош!?!

-Зар општината уште во прошлиот век не беше тип топ урбанизирана по сите надсветски стандарди?!

-Имаме ли потреба од зголемување на бројот на жителство во општината?

-Имаме ли потреба од зголемување на бројот на станови во општината?

-Имаме ли потреба од зголемување на бројот на згради во општината?

-Имаме ли потреба од зголемување на бројот на нови населби во општината? (освен оној лукративниот дел за "самофинансирање" на општината од комуњалии)?

Инаку изминатата сабота беше одржана работна средба на која дел од планерските куќи кои работат на Плански програми за Детални урбанистички проекти (ПП) и ДУПови за општина Карпош, и пред граѓаните ги презентираа ДУПови/ПП кои се во изрaботка, до која фаза се дојдени и кои се основни информации за нив.