На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата изрекла 178 санкции од кои 29 за брзо возење и 18 за управување моторно возило без возачка дозвола.
Министерството за внатрешни работи утринава информира дека полициските службеници изрекле и 14 санкции за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, шест за нерегистрирани возила, четири санкции за технички неисправни возила и седум мерки за затемнети стакла. Санкционирани се 15 возачи на мотоцикли.