Одредени луѓе со низок притисок не чувствуваат силни тегоби, но за други пак хипотензијата го отежнува секојдневниот живот. Нискиот притисок може да биде вообичаена физиолошка состојба на одредена личност, а се јавува како последица на одредени болести, земање лекови дури и промени во положбите на телото (ортостатска хипотензија). Постои и посебен вид постпрандијална хипотензија, која настанува по обилниот оброк, бидејки крвта се насочува кон органите за варење.
За да можете да го држите крвниот притисок на нормално ниво, потребно е да применувате одредени навики:
-храната да биде доволно солена
-избегнувајте нагло станување од седечка или лежечка положба
- и покрај тоа што сметате дека кафето ќе ви помогне да го кренете притисок, сепак по краткотрајниот скок, најчесто притисокот паѓа на уште пониско ниво
-пијте доволно вода
-јадете помалку, а почесто
-избегнувајте подигнување на тешки работи
-конзумирајте намирници кои го покачуваат притисокот – сок од цвекло, сок од домати, маслинки
-избегнувајте долго туширање со топла вода
-пијте чај од рузмарин