Како да го надминете вашиот најголем страв кој ве спречува да го живеете животот од соништата?

Како изгледа вашиот живот од соништата? Што ве спречува да го живеете? Одговорот најверојатно е: Стравот. Страв од промена, неуспех или од непознатото?

Од еволуциска перспектива, стравот е механизам за преживувања кој им служел на нашите предци и тој всушност е одговор на некоја претпоставена закана или опасност.

Но, иако истиот инстинкт може да нѐ одржува во живот, чувството на сигурност и удобност често ни се испречува во нашата потрага по среќа и исполнување на нашите соништа. Знаете како велат:
„Магијата се случува кога ќе излезете од вашата комфорна зона.“

Како? На крајот на краиштата, ние сме тие кои имаме моќ да ги промениме нашите умови и да ги надвладееме нашите мозоци за да го исполниме нашиот потенцијал.

Клучот за надминување на стравот кој ве саботира

Клучот е во сфаќањето на разликата помеѓу став и опасност. Чувствата на неудобност нѐ мамат и прават  да веруваме дека има некаква опасност, а тоа може воопшто да не е точно. Морате да преземете контрола и да се соочите со она што ве плаши.

Морате да вежбате прифаќање, но и да си дадете себеси дозвола да започнете со вашата лична трансформација. Не постои погрешно или вистинско време за тоа. Ако не почнете, никогаш нема да искусите нешто надвор од вашата комфорна зона.

На почетокот, стравот од непознатото може да ве кочи, но вие ги имате алатките за да го надминете тоа. Веројатно уште не сте ја откриле вашата крајна дестинација, но можете да ги контролирите вашите следни чекори.

Наскоро, ќе сфатите дека сте преземале толку чекори, што стравот кој на почетокот сте го искусиле е само далечен спомен и дека тој всушност го поттикнал вашиот прогрес и раст.

Дури и успешните и инспиративни луѓе се соочуваат со страв

Земете ја за пример приказната за еден од најголемите политички и духовни лидери: Махатма Ганди.

Пред да стане татко на независноста на Индија, Ганди имал парализирачка фобија која за малку ќе го спречела да го отклучи својот потенцијал. Не само што успеал да го надмине својот страв, но и научил да го користи во своја цел.

Неговото наследство нѐ потсетува дека опасност некогаш ни помага при обликување на извонредноста и дека и најуспешните луѓе имаат искуство со парализирачки стравови кои ги претвориле во моќ.

А дефинитивно и вие можете да го направите тоа!