Како да бидеме среќни? Прв чекор е да откриеме што ни носи среќа

Сите сакаме да бидеме среќни, но што е среќата?

Photo by Tim Mossholder on Unsplash

Ако постои нешто за што луѓето од различни вери, националности и политички гледишта се сложуваат е тоа дека сите сакаме да бидеме среќни. Една анкета која е спроведена во 48 земји покажала дека на врвот на листата на сите луѓе е среќата за своите деца.

Очигледно е дека среќата е цел која е многу важна, но што е всушност среќата? Филозофите отсекогаш дискутираат за тоа што е среќа и благосостојба. Но, воопшто не е изненадување што не успеале да го најдат одговорот. Бидејќи среќата е различна за секој од нас. Тие денес разликуваат четири видови среќа, односно хедонистичка среќа, животно задоволство, еудемонија и исполнување на потребите и желбите.

Можеби најпозната е хедонистичката среќа која вклучува релативно позитивни, наместо негативни емоции. Хедонистичката среќа понекогаш е всушност задоволство, односно сензација дека се чувствуваме добро, односно дека истовремено не се чувствуваме лошо. Хедонистичкото задоволство е она што го чувствуваме кога ја јадеме својата омилена храна, онаа сладост која ја допира нашата уста и топлото чувство во стомакот. Но, не постои ниту една личност за која ова задоволство трае до крајот на животот.

Замислете дека на последниот ден од животот, лежите на постела и се прашувате себеси дали сте живееле добар живот и да пробате да одговорите на тоа прашање со тоа што ќе се сетите на добрата храна која је сте ја јаделе. Делува апсурдно, нели?

Луѓето имаат природно чувство дали се задоволни или незадоволни со својот живот, што не е нужно засновано само на додавање на едно задоволство врз друго. Така доаѓаме до вториот облик на среќа – задоволство од животот. Како што самото име покажува, оваа дефиниција ја изедначува среќата со задоволството од својот живот. Секако вие можете да бидете личност која е среќна со тоа што се занимава со криминал или мачење на другите и тука всушност лежи уште една загатка.

Така доаѓаме до третиот облик на среќа – еудемонија. Овој концепт доаѓа од Аристотел што доаѓа од зборовите „еу“  (добар) и „даимон“ (дух) што всушност значи да бидеме среќни со правењето добри дела, односно живеење во добар дух.

Еудемонијата го опишува животот кој е мотивиран од добрите вредности и поврзаноста со другите луѓе. За неа, често се вели дека го рефлектира објективниот став за среќата. Така, овој пристап значи дека можеме да ја споредиме и измериме среќата на две личности. Но, филозофите повторно велат дека овој пристап одговара за некои луѓе, но не и за други.

На крајот, исполнувањето на желбите значи дека го добиваме она што го сакаме. Ова е дефиниција која често ја користат економистите.

Ние можеме долго да размислуваме за тоа што ни носи среќа, врз основа на овие четири облици. Но, истражувањата покажуваат дека работите не се така едноставни. Некогаш, при утврдувањето на сопствената среќа не можеме да бидеме водени од дефиниции.

Затоа, одговорот најчесто треба да дојде од вас самите, а не другите луѓе околу вас. Тоа е единственото правило кое треба да го следите?

Дали ви е важно да се чувствувате добро? Дали сте среќни кога им помагате на другите околу вас? Дали сакате подобар начин на живот? Дали сте среќни кога сте сакани или кога работите работа која ве исполнува?

Ова се одговори до кои сами треба да дојдеме.