Јутуберот Лазаров со емотивна објава: Ова е најтешкиот ден во мојот живот

 Јутуберот Стефан Лазаров кој беше еден од иницијаторите на донаторската акција за малиот Кико кој денеска почина со емотивна објава на својто фејсбук профил. 

- Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико, напиша Лазаров. 

Народот за четири дена собра пари за неговото лекување.

Дваесетгодишното момче Кико имаше ретка и тешка болест, Атаксија-телеангиектазија, која брзо прогресира и за кратко време доведува до сериозна состојба. Откако му се влоши здравствена состојба беше сместен во приватна болница во Скопје.