
Македонскиот народ покажа уште еднаш дека е хуман и се сплоти заедно за Кристијан Коцев, кој треба да го продолжи лекувањето во Турција.
Откако беше објавено дека средствата за лекувањето се собрани, семејството на Кико испрати порака до јавноста.
- Бескрајно сме ви благодарни на сите што бевте со нас. На сите што дадовте сè од себе за Кико. Бескрајно сме благодарни на Стефан Лазаров за целата иницијатива за лекувањето и донации за Кико. Во ниту еден миг не нè остави ниту нас, ниту Кико. Со секој повик, порака и посета му даваше сила да издржи, да се бори и да не се откажува. Бескрајно сме ви благодарни што се молевте за Кико. Тој знае дека сите се обединивте за него, цела Македонија и дијаспората заедно за Кико. На сите ви испраќа бакнежи и ве сака. Молете се за него да биде добро и да е среќен. Борбата продолжува, ќе се избориме сите заедно, објави семејството на Кико.