За два од хороскопските знаци, јуни носи многу моменти кои ќе го направат овој месец незаборавен за нив.

Рак

Раковите ќе зрачат со позитивна енерфија и сексипил, а и нивните емоции и чувства ќе бидат интензивни. Ако сте веќе во врска, ова ќе биде период во кои ќе ги доживеете најубавите моменти, а доколку сакате да го проширите семејството или да запловите во брачни води, ова е совршениот момент за тоа.

Слободните Ракови ги очекува огромна љубов на забава која ќе се случи во вториот дел на месецот. Можно е љубовта да дојде преку работата, но треба да внимавате, бидејќи таа личност делува навистина комплицирана, па тоа веројатно ќе биде личност која ви е шеф или некој со голем авторитет.

Месецот е полн со убави моменти, а 28 јуни носи кулминација – решавањ на некои ситуации, но и официјализирање на врската.

Јарец

За Јарците, јуни ќе биде пресуден месец кога станува збор за љубовта, бидејќи многу коцкички ќе се сложат во овој период. Венера носи мирна и романтична енергија, особено за Јарците кои се во врска. Сите проблеми кои постоеја  во изминатиот период ќе бидат разрешени.

По 14 јуни, кога Венера влегува во знакот Лав и астролошкото поле на љубовта, страста и кармата, ќе се случат многу нешта. Периодот од 16-27 јуни ќе биде турбулентен кога станува збор за емоциите. Слободните Јарци најверојатно ќе се заљубат во личност родена во знаците Бик, Риби и Рак.