Месечен хороскоп за јули 2024: Водолија

Јули ви носи благодарност за она што го имате.

Љубов

Во јули, дури и обичните социјални собири и празничните собири може да доведат до личен и професионален раст - но тие се и можности да запознаете некоја посебна личност. Романтичното расположение води до будење на неочекувани чувства - тешко ќе ви одолеете да влезете во романса, дури и ако верувате дека тоа не е најдобро за вас (што ретко се случува со Водолиите). Додека размислувате за односите, обидувајќи се да задржите интелектуална дистанца и да се набљудувате себеси, можете да препознаете модели кои го попречуваат вашиот раст.

За Водолиите во посветени врски, романтичните заплеткувања можат да претставуваат поголеми предизвици - може да има непријатни откритија за аферата на партнерот (или вашата) или некој друг облик на предавство. Вителот на интензивни чувства може да ве вовлече и да ве потоне повторно и повторно, предизвикувајќи постојани конфликти. Невремето е поверојатно да помине со минимални штети доколку се случи поблиску до крајот на месецот. Што и да се случи, вашата врска не може да остане иста, а тоа може да донесе позитивни промени и решенија. Отворената комуникација помага да се утврди дали е направена трајна штета и дали разделбата е најдоброто решение или дали можете да постигнете подлабоко разбирање и прифаќање.

На 2 јули, комуникативниот Меркур влегува во Близнаци во вашата куќа на љубовни односи, што ќе ве поттикне да имате посериозен пристап кон љубовта. Ако сте во солидна врска, ваквиот транзит ќе ви донесе благодарност за она што го имате. 

На 5 јули, младата Месечина во Рак ве поттикнува да се ставите себеси на прво место и да не заборавите на грижата за себеси. На 11 јули, љубовната планета Венера се преместува во вашата куќа на партнерства и ве поттикнува да вложите поголема грижа и внимание за оние кои ги сакате. Бидете тука и дајте им ја поддршката која им е потребна. Со влегувањето на Марс во вашата петта куќа на забавата на 20 јули, фокусот е на продлабочување на љубовните односи и зголемување на интимноста. 

Работа

Без разлика дали започнувате нов курс за подобрување на вашите вештини и професионални квалификации или преземате предизвик деловен проект, започнувате сопствен бизнис или правите пресврт во кариерата, тековите на енергија поддржуваат значителни откритија во текот на јули, а ситуациите на професионалниот пат ја предизвикуваат вашата приспособливост . Прифатете ја промената затоа што таа води до раст и не пропуштајте можности за вмрежување, професионални курсеви и семинари и на кој било друг начин на кој можете да добиете нови информации и нова перспектива. Кога станува збор за финансиите, ѕвездите советуваат внимателно планирање и избегнување избрзани одлуки.

Првиот значаен транзит се случува на 2 јули кога сонливиот Нептун почнува да се движи ретроградно во својот домашен знак Риби во вашата втора куќа на ресурси. Тоа ќе ве поттикне да размислите како ги трошите своите ресурси, времето, финансиите и тн. Ако премногу време минувате на некоја активност, ова ќе биде добар момент да го утврдите и промените тоа. На 9 јули, Палас, кој е познат како астероид на мудроста ја осветлува вашата десетта куќа на јавен имиџ, што ќе ве поттикне да се посветите на подобрување на вашиот статус на работното место и да се изборите за она што сметате дека го заслужувате. 

Крајот на сезоната на Раковите и почетокот на владеењето на Лавот, може да ви донесе чувство како да сте преморени, па во овој период, ќе биде важно да се погрижите добро да одморите и да не се преоптоварувате со задачи кои може да почекаат. 

Здравје

Изборот на храна има клучна улога, па затоа би било добро да се консултирате со нутриционист. Хидратацијата е исто така многу важна, како и одржувањето на рамнотежа и умереност во сите области на менталното и физичкото здравје.