Месечен хороскоп за јули 2024: Близнаци

Јули ви носи одлични можности на полето на кариерата.

Љубов

Темата на овој месец е повторното поврзување - врските, и минати и сегашни, ќе бидат основата на вашите искуства. Постои космички порив да се поправат, да се залечат старите рани и да се обноват врските кои избледени со текот на времето. Ако сте слободни, ова е поволен период да запознаете некој кој длабоко одекнува со вибрациите на вашата душа и со кој ќе ги залечите емотивните рани од минатото и повторно ќе почувствувате доверба и припадност.

Во партнерските односи, отворената комуникација и трпеливоста носат подлабоко разбирање и поврзаност. Грижете се за вашите постапки - импулсивното однесување може да предизвика компликации во односите. Ако сте непромислени, ќе мора да се справите со проблемите што ги создавате, бидејќи тие можат да станат долгорочни и да ја оштетат вашата врска. Приземјте се и прилагодете ги вашите желби и соништа на реалноста, за да го надминете песимистичкото расположение и незадоволство.

На 20 јули, Марс влегува во вашиот знак што ви ја зголемува енергијата, но и вашата харизма. Не ги одбивајте поканите за дружба во овој период, а кога сте меѓу луѓето, немојте да бидете изненадени што добивате толку големо внимание. Ден подоцна, полната Месечина во Јарец ве поттикнува да останете дома, во друштвото ан саканата личност и да се препуштите на задоволството. 

Работа

Ова е период на раст и проширување во вашата кариера – новите проекти или задачи кои се појавуваат не се само можности за финансиски раст, туку и за личен развој. Бидете отворени за учење и впивајте колку што можете повеќе. Исто така, бидете трпеливи и избегнувајте агресивен пристап, особено ако започнувате нешто ново. Детално анализирајте ги и пресметајте ги вашите проекти, пред да преземете акција. Постои можност да се појави некој кој ќе ви помогне да ги остварите вашите аспирации. Соработката од секаков вид е плодна - верувајте во вашата интуиција кога донесувате одлуки и прифатете ги сите предизвици како можности за учење. И покрај тензиите, резултатот од извршувањето на итните задачи може да биде неочекувано висока финансиска награда.

Уште од 2 јули кога Нептун влегува во вашата куќа на социјален статус, ќе имате можност да поминете низ процес на професионална трансформација. Нептун ќе ве поттикне да размислите за своите соништа. Имајте верба во промените кои се случуваат во овој процес. На истиот датум, Меркур влегува во храбриот Лав, помагајќи ви да го добиете она што го сакате, со големо ниво на самодоверба.

Младата Месечина во Рак на 5 јули ја осветлува вашата втора куќа на финансии и ви носи убави вести на ова поле. На 9 јули, астероидот на мудроста, Палас, го завршува своето ретроградно патување и почнува да се движи директно во Шкорпија, што ќе ве поттикне да направите баланс меѓу работата и личниот живот. Во овој период, важно е да водите грижа за себеси.  

Со почетокот на сезоната на Лавовите на 22 јули ќе се чувствувате особено креативно, а ова е добар период и да материјализирате некое свое хоби. 

Здравје

Негувањето на вашето тело и ум е најважно - интегрирајте здрава храна богата со хранливи материи во вашата исхрана и истражете ги активностите што го негуваат вашиот внатрешен мир.