„Југо“ излета од пат, загина маж од Кичево

56-годишен маж смртно настрада во сообраќајна несреќа. 

На 21.03.2023 во 15.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од с.Вранештица, кичевско, излетало од коловозот.

На местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.