„Југо“ излета кај Могила, тешко повредени три лица

 Возило без регистарски таблички излетало кај битолска Могила. 

13.03.2023 во 22.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на локалниот пат во с.Беранци, општина Могила, патничко возило „југо“ без регистарски таблички, управувано од Т.Т.(29) од с.Беранци, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници, Д.Т.(32) и С.Т.(21) од с.Беранци, констатирани во Клиничката болница во Битола, информираа од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.