Се преврте „југо“ кај Виница, три лица се повредени

Три лица се повредени во сообраќајка во виничко. 

На 11.02.2024 во 11.46 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат Виница-село Смојмирово, патничко моторно возило „застава југо корал 55“, управувано од Д.Н.(45) од Виница, удрило во брегот од десната страна на коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.И.(67) од Гостивар, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка Т.Н.(41) од Виница, констатирани во Општата болница Кочани, соопшти полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.