Јованов: Он-лајн настава за основци и средношколци!? Никако!

По речиси секојдневните дојави за бомби во училиштата, МОН вчера препорача во моментот кога одредено училиште ќе добие дојава за бомба наставата да ја продолжи он-лајн. 

За ова со свој коментар се јави професорката Тамара Јованов.

Нејзиниот став ви го пренесуваме во целост: 

Он-лајн настава за основци и средношколци!?

НИКАКО!

Истата од пандемијата, имаше сериозни последици врз младите и сериозно намален интерес за учење кај повеќето!

Интернет врските и неинвентивноста во методологијата се дополнителен отежнувачки фактор - паѓање на врската, постојано сецкање и прекини, неможност за вклучување на камери заради конекцијата, неумешност во ангажирање на децата да учествуваат активно, бројни дистракции во домот.

Условите во домот и можностите исто така не се еднакви за сите!

Која е целта на ова, освен свесно уништување на младите и желбата за образование (било какво или најмалку не во државава)!?

Ова не се студенти кои свесно носат поголема одговорност во процесот, ниту возрасни со способност за свесно насочување на вниманието - ова се ДЕЦА на кои им треба некој да ги води во процесот, да ги следи, да им помага!!!

Што правите бре?

Родителите кои во услови без пандемија бараат онлајн настава, наместо да бараат квалитетна настава во училиштата, да се запрашаат што тоа ќе значи за нивните деца на долг рок, како личности, а не да мислат само на своите желби!

Власта да си ја реши кризата со дојави на бомби ВЕДНАШ, и да создаде услови за учење на училиште!

Во спротивно - оставки под ИТНО!