Децата од II и V-то одделение немаат учебници, ниту квази наставен материјал!

Учебната 2021/2022 започна без ученибници за учениците од пониските одделенија. 

Иако од Министерството за образование и науика информираа дека до крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70 проценти од учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, дел од родителите реагираат дека нивните деца уште се без учебници. 

Активистката Мерсиха Смајловиќ со став. 

-Ако завршивте со скринингот, само да ве известам, дека денес, 21 ноември 2022 година, децата од II и V-то одделение немаат учебници ниту квази наставен материјал! Тоа што Бирото за (не)развој на образованието го одобри на почетокот на учебната година, ЗАВРШИ, АШ, нема веќе наставен материјал за учење.... Има ли барем ко-пилот во авионов, зш за пилот ни е јасно дека нема...., напиша таа на фејсбук. 

Претходно од МОН соопштија дека станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици и кои им беа поделени пред почетокот на учебната година, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје.