Јапонска утринска диета: Гледајте како килограмите исчезнуваат

Јапонската утринска диета е идеја на Сумико и Хитоши Ватанбеа кои имаат фармацевтско и медицинско образование. До диетата дошле сосема случајно, а откако ја објавиле, таа станала многу популарна во светот.

Основното правила на диетата е за појадок да јадете банана со чаша вода на собна температура.

Во основата на оваа диета е појадокот што се состои само од банани и чаша - до две млака вода. За појадок треба да изедете помеѓу една и четири банани секое утро.

Останатите оброци во денот треба да бидат здрави, лесни и регулирани, но не постојат посебни правила што и колку треба да се јаде.

Оригиналната банана диета се држи седум или 12 дена. Единствената напивка што треба да ја консумирате за време на оваа диета е токму млаката вода. Може повремено да пиете чај или кафе, но не се препорачува.

Последниот оброк треба да ви биде четири час пред спиење, треба да спиете барем осум часа, а треба да си легнувате најдоцна на полноќ.

Во текот на оваа диета, максимално ограничете ги алкохолот, кафето и тутунот, а десертите се забранети.