Јанева: Како да имам токсична врска со Скопје - толку многу го сакам, ама на крајот од денот стварно не го бива

Познатата македонска инфлуенсерка Софија Јанева сподели фотографии од празнично украсениот центар и порача дека ниеден град не може да го замени овој Скопје! 

- Празнична атмосфера во нашето (скромно) украсено Скопје. Некогаш се чувствувам како да имам токсична врска со овој град - толку многу го сакам, ама на крајот од денот стварно не го бива. Пуста љубов и надеж дека ќе биде подобро. Едно нешто нема да се смени е дека фамилијата, пријателите и партнерот што безусловно ми пружаат љубов секој ден, се тука. Тоа е за мене најважно на целиот свет! - порача таа на својот Инстаграм прифил и додаде:

Оваа година патував многу - Њујорк, Мајами, Кариби… но ниеден од овие градови не може да го замени мојот дом. Можеби Скопје е скромно, ама е мое и тука ми се луѓето поради кои се будам со насмевка на лицето секој ден! Ви посакувам среќни празници!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sofija Janeva (@janeva)