Јадете здраво и се дебелеете? Еве зошто!

Ако се чудите зошто вашата здрава исхрана која вклучува домашно фрапе од овошје, јогурт, потоа темно лепче со мед  и слично не влијае врз слабеењето, имајте на ум дека оваа здрава храна всушност поттикнува дебелеење.

Ако не се пази на количината, освен фрапеата и маслиновото масло, пилешкото, овесната каша и јаткастите плодови и колачињата со помалку маснотии, ќе предизвикаат дебелеење.

Британската нутриционистка Catherine Matthews вели: „ можеби мислите дека фрапеата од овошје или зеленчук се полни во витамини и минерали, но тука се и природните шеќери со кои тие изобилуваат. Некои фрапеа имаат еднаква количина на шеќер како газираните пијалоци.“

Домашно подготвените фрапеа сепак се поздрави бидејќи содржат многу хранливи материи и не содржат адитиви.

И медот, покрај хранливите состојки, содржи шеќер. А пиењето на овошни сокови може да биде најбрзиот начин за дебелеење, предупредува нутриционистката.

Освен тоа, храната со ниско ниво на маснотии, како немасниот јогурт, колачиња и други слатки често пати имаат повеќе калории од стандардната верзија на прозиводот.

Тука е и пилешкото месо, месо кое најчесто се јаде како дел од диетите бидејќи се смета за здрава алтернатива на црвеното месо, може да дебелее. Најважно е како се припрема. Ако се јаде заедно со кожата, бројот на калории се зголемува од 100 на 300.

Проблем со соковите

Експертите од British Dietetic Association веќе подолго време се борат против обилното и често пиење на овошни сокови. Сметаат дека секогаш е подобро да се изеде цело овошје бидејќи има хранливи состојки.

Од истото здружение препорачуваат дека овошните сокови знаат да бидат кисели, па затоа честото конзумирање може да ја оштети забната глеѓ.

Нутриционистката Matthews смета дека оние кои сакаат да ослабат треба да појадуваат што повеќе протеини, како јајца, бидејќи по таквиот појадок подолго време ќе се чувствуваат сити.