Извлечен женски труп од Вардар кај Ново Село

Вчера бил извлечен женски труп од водите на реката Вардар кај Ново Село.

-На 25.05.2023 во 12.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп. Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот.