Измамничка собрала над 1.000 евра - лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

- Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет, велат од МВР.