Спречен обид за нелегално изнесување девизи - запленети 27.000 евра

Синоќа на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин.

При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна на патникот пронајдени се 47 илјади евра за кои не поседувал соодветен документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот и неговата сопруга - сопатник во возилото, вратени им се по 10 илјади евра (износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата), а останатите 27 илјади евра привремено се задржани.

Согласно законот за девизно работење и Царинскиот закон поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка.