Во повеќе градови низ Македонија се градат социјални згради, а становите ќе бидат наменети за ранливите групи.
Станува збор за 32 згради, со околу 2.000 станови. Најголемиот дел од нив се наоѓаат во Скопје.
Социјални станови ќе има и во Кичево, Охрид, М.Каменица, Кочани, Крива Паланка, Берово, Кавадарци, Битола, Штип, Демир Хисар, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Струмица, Гевгелија, Пробиштип, Неготино, Свети Николе, Винца, Велес.
Големината на становите е од 35 до 47 квадрати.
Кој има право на социјален стан?
- Деца без родители кои имаат 18 години, а претходно престојувале во згрижени институции
- Семејства кои се погодени од елементарни непогоди.
- Лица со попреченост или семејства каде има лице со попреченост.
- Роми кои се социјално загрозени и кои се самохрани родители.
-