Изградбата на социјални станови е при крај - ова се условите за аплицирање

Во повеќе градови низ Македонија се градат социјални згради, а становите ќе бидат наменети за ранливите групи. 

Станува збор за 32 згради, со околу 2.000 станови. Најголемиот дел од нив се наоѓаат во Скопје. 

Социјални станови ќе има и во Кичево, Охрид, М.Каменица, Кочани, Крива Паланка, Берово, Кавадарци, Битола, Штип, Демир Хисар, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Струмица, Гевгелија, Пробиштип, Неготино, Свети Николе, Винца, Велес. 

Големината на становите е од 35 до 47 квадрати. 

Кој има право на социјален стан? 

- Деца без родители кои имаат 18 години, а претходно престојувале во згрижени институции

- Семејства кои се погодени од елементарни непогоди. 

- Лица со попреченост или семејства каде има лице со попреченост. 

- Роми кои се социјално загрозени и кои се самохрани родители.