Изборите ќе донесат плус два нови неработни денови за сите граѓани

Поради изборите кои треба да се одржат оваа година ќе има плус два нови дополнителни неработни денови. Двата денови кои нема да се работат се сред недела, односно во среда.

Причината е повеќе од јасна, тоа е одржувањето на изборите кои се закажани за 24 април тоа е среда и треба да се одржи првиот круг од претседателските избори, додека другиот ден е речиси две недели подоцна на 8-ми мај пак среда, каде покрај евентуалниот втор круг од претседателските избори ќе се одржат и парламентарните избори.