Ивермектинот предизвикува рак на црниот дроб?

Ивермектинот како “лек против корона вирусот“ во кој антиваксерите се колнат се користи за лекување на паразити кај животни и во главно е регистриран само за ветеринарска употреба.

Постои и посебно произведен лек ивермектин за употреба кај луѓе кој содржи помала доза на активната супстанција.

Српскиот ветеринар Марко Танасковиќ во интервју за српски „Информер“ вели дека овој лек не смее да се најде во слободна продажба  бидејќи е наменет за животни.

-Еднократното земање на ивермектин не би требало да нанесе голема штета на организмот, но со континуирана употребана на овој лек може да дојде до појава на рак на црниот дроб, предупредува тој.

Во прилог на ова говорат голем број научници кои тврдат дека лековите наменети за животни може да бидат токсичини за луѓето.

Лековите за животни се високо концентрирани бидејќи се наменети за големи животни како крава или коњ. Таквите високи дози може да бидат токсични за човековиот организам. Истовремено постои ризик од низа несакани реакции на неактивните состојки кои ги содржи лекот, а не е тестиран врз луѓе.