Д-р Пановски: Ивермектинот да го користат позитивните на коронавирус и оние кои треба да се заштитат од вирусот

Ивермектин е навистина  евтин за лек, за 5 евра се зима два ипол пати поголема количина од онаа која се снабдуваше во Грција. Водено тој е поефективен од Ремдесивир. Според упатството лекот се дава и превентивно, јас сметам дека е непотребно со тоа ќе се прави дома залихи. Тој треба да се користи од лицата кои треба да се заштитат или лицата кои веќе дознале дека се позитивни по тестот, вели Д-р Никола Пановски во вестите на Сител.

Тој вели дека засега нема потреба од комбинирање со друг лек за да се лечи ковидот.

-Лекот ако се даде на почетокот во просек на петтиот  ден ги олеснува симптомите. Граѓаните да внимаваат на дозата. И да не го пијат младите кои полесно ја поднесуваат болеста. Лекот е безбеден,но има интеракции ако се дава во комбинација со невролошки лекови, вели Пановски.

Во однос на бројот на новозаболени докторот вели дека очекува ковидот да стагнира во овој период.