Ивермектинот стигна во Македонија

Лекот Ивермектин од утре или задутре ќе може да се најде во аптеките ширум земјава, потврди за Слободен печат директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Лирим Шабани.

Ова е нова надеж за третман на Ковид 19, затоа што станува збор за препарат кој во сите студии покажал извонредни резултати, особено ако се дава во првите денови од болеста, но под строг надзор од лекар. Здравствените власти апелираат граѓаните никако да не купуваат Ивермектин и да не го користат на своја рака.

-Ивермектинот е стигнат во Македонија.  Денеска во Министерството за здравство ќе му биде одредена продажната цена. Викендов успеавме да го донесеме. Со стандардна процедура го преведовме упатството за користење за компаниите и тоа го забрзавме и го завршивме. Во Министерството за здравство очекувам денеска да му ја одредат цената на лекот и од утре ќе го има по аптеките, ни изјави Шабани.

Лекот Ивермектин е антипаразитен препарат кој досега во земјава не беше регистриран, освен за користење кај животни. Но, сега ќе се користи и за луѓе, за орална употреба.