Итно копче-технологија која спасува животи, Партнерство на Телеком Фондацијата и Црвениот Крст

– По повод 17 мај, Денот на телекомуникациите,Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст на Република Северна Македонијанајавија партнерство за поддршка на повозрасната популација, со помош на технологијата.

Партнерството го опфаќа проектот Итно копче, преку којсо помош на дигиталнататехнологија се обезбедува сигурност и поддршка на лица постари од 65 години.

Корисниците ќе можат даго алармираат тимот на Црвениот крст во ситуација кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копче.

Тимот е составен од обучени лица кои можат да пружат прва помош, прва психолошка помош или веднаш да ги траспортираат корисниците до релевантните институции, во зависност од случајот.

Итно копче им пружа помош на корисниците 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Со проектот, за почеток ќе бидат опфатени 110 корисници од Скопје, кои живеат сами и имаат потреба од итна реакција.

Ова е услуга која е нова во регионот, но веќе се практикува во повеќе европски земји со одлични резултати.

Проектот се реализира со поддршка на Австриската Агенција за развој, Австрискиот и Швајцарскиот Црвен крст и проектот Инкаре, поддржан од Европската Комисија.

Преку ова стратешко партнерство Телеком Фондацијата и Црвениот крст ја користат технологијата како алатка преку која ќе се спасуваат животи и ја подигаат свеста за грижата за повозрасната популација.

За повеќе информации, контакактирајте со:

Фондација Телеком за Македонија e-пошта: FoundationTelekomforMacedonia@telekom.mk

Црвен Крст на Република Северна Македонија е-пошта: skopje.itnokopce@redcross.org.mk