Лично, најмногу сакам во текот на летото да „украдам“ неколку денови надвор од градските гужви, но не таму каде ќе ме дочека гужва и топол песок (иако немам ништо против песокот, да се разбереме). Мислам дека летниот одмор во природа е нешто што секој би требало да си го дозволи себеси, секогаш кога постои можност за тоа.
Но, зошто?
Има неколку причини. Првата е фактот дека заминувањето на планина кога температурата во урбаните средини го надминува 35-тиот степен е најсигурен начин да се сокриете од топлиот асфалт. Освен тоа, секоја планина во соседна Србија крие толку многу (не)скриени убавини, па вистинска штета е да го пропуштите тоа уживање. Која и да ја изберете, во нејзината близина сигурно ќе најдете убави патеки за прошетка, паркови, водопади или историски знаменитости.
Златибор е најпосетена планина во Србија и место каде што постои одлична инфраструктура и систем на функционирање. Сепак, тие градби и објекти не ја намалуваат убавината на оваа планина. Ние успеавме да искористиме од сè по малку – урбаните забави кои ги нуди центарот и нереално убавата природа која очекува да биде забележана – на два, три километри од главното шеталиште.
За сместување го одбравме хотелот Златибор Мона. Таму одиме веќе неколку години, додека децата беа мали најважно ни беше тоа што секојдневно ни подготвуваа кашички, посебно за децата, точно со оние продукти кои ние ги бараме и многу често, надвор од времето предвидено за ручек и вечера. За децата во секој дел од денот. Хотелот е беспрекорно чист, а персоналот е неверојатно љубезен и внимателно ненаметлив.
Сепак, тоа по што Мона е можеби најпрепознатлива е одличната кујна. Сè што досега сме пробале ни се допадна, а ако успееме да го откриеме рецептот за Трилечето кое таму го подготвуваат, би биле пресреќни!
Хотелот нуди многу содржини за деца кои го користевме во текот на вечерта и во дождливите денови. Игротеката е одлично опремена и таа е бесплатна за гостите во хотелот.Но, иако секоја година мислиме дека децата конечно пораснале, ни сега на осум години не им е досадна. Секогаш се актуелни и акциите, кои ако ги користите може доста да заштедите.
Но, Мона не е единствена причина поради која често одиме во Златибор.
Неизоставен дел е прошетката до споменикот каде уживаме во погледот на цел Златибор и попатно купуваме шумски јагоди за ужинка и чај од една бабичка која вели дека тој „од мртов те прави жив“, па го имаме секогаш со нас, за секој случај.
Посетата на водопадите Гостиље не ја пропуштаме. Кратка прошетка на стазата, додека се одмараме и го слушаме звукот на водата, додека децата во плиткото ловат полноглавци.
Но, оваа година најмногу уживавме во возењето до Торник. Не бевме со гондолата и покрај тоа што таа е многу популарна, но не може да се спореди со доживувањето кое го пружа возењето со жичара. Зошто би се возеле во затворена кутија, кога може потполно да уживате во убавината на планината? А, освен тоа, во делот каде тргнува жичарата се наоѓа и одличен Авантура парк и воз на шини кој не треба да го пропуштите.
Сè на сè, летен одмор од пет дена кои поминуваат за миг, Златибор е место на кое, доколку сакате урбани содржини, не мора премногу да се поместувате од центарот, а ако вашиот избор се приородни убавини, доволно е да се придвижите само малку и тој со раширени раце ќе ве пречека.