Искуство на скопјанка со интервју за работа: И покрај тоа што ги исполнувате условите, не ја добивте работата

Дека жените се дискриминирани во работата во Македонија покажуваат многу работи.

А особено они кои се помлади и кои треба да раѓаат деца.

Скопјанката Емилија, раскажува како поминало нејзиното интервју за работа, во скопска фирма како економист. Таа го видела огласот и испратила своја биографија, каде ги исполнувала сите услови. Станувало збор за нова фирма, која што бара економист, па таа како дипломирана плус со искуство, решила да си ја проба среќата. Откако завршил огласот, таа била повикана на интервју.

-Се изгледаше убаво. Интервјуто беше на англиски јазик. Го водеа двајца странци и еден Македонец. Услови за работа имаше, а беше добра и платата. Интервјуто се состоеше од два дела. Едниот дел беше само разговор за себе, а другиот дел беше тест. Во првиот дел ми поставуваа општи прашања за себе. Од тоа што имам завршено, што знам да работам, па се до тоа дали сум мажена и дали планирам деца. Да, јас сум во брак половина година, секако дека сакам свое семејство, но се во свое време, им реков. Наредниот ден беше и тестирањето. Во тој ист ден стигнаа и резултатите од тестот. Од можните 100 поени, јас имав 89. Солидна бројка. Се израдував. Мислев тоа е тоа, дека ќе ја добијам работата. Убава работа, убава плата. Но, среќата траеше многу кратко. Наредниот ден добив порака. Уште пред да ја отворам, мислев дека ќе ми пишат дека сум ја добила работата, но тогаш следуваше голем шок. “Почитувани и покрај тоа што ги исполнувате сите услови за оваа позиција, вие не ја добивте работата. Ние сме нова фирма, која допрва треба да се развива. Потребни ни се лица кои максимално ќе бидат посветени на работата, без изговори. Вие сте млади и како сами што рековите, во брак сте и сакате семејство. Нашата фирма сега за сега нема да може да дозволи да има работници  кои веднаш ќе користат боледување. Се надеваме дека не разбирате и дека се согласувате со нашата одлука. Ние вас ќе ве имаме во план, но не за сега. Ви посакуваме среќа...” Вака гласеше пораката. Читав и не можев да верувам што пишува, вели Емилија.