Скопјанка споделува искуство: Платив за еден аранжман, добив нешто сосема поинакво – заедничко купатило, без интернет и паркинг

Надлежните постојано апелираат да се внимава од која туристичка агенција резервирате аранжмани за летување. Апелираат тоа да бидат проверени агенции и оние кои поседуваат лиценца.

Скопјанката Милена за Скопје Инфо го споделува своето искуство од овогодинешното летување. Како и сите други, едвај чекала да дојде денот за да заминат на одмор со сопругот и со своето деветмесечно бебе. Аранжманот бил платен за првиот крак во Грција, Халкидики, поточно за местото Ханиоти.

-И се беше убаво, додека да стигнеме таму. Однапред знаевме дека имам резервирана соба, со француски кревет, со посебно купатило и кујна и со паркинг и интернет. Така ни беше кажано од агенцијата. Ние тоа го видовме и со соптвени очи, кога ни покажуваа слики. Тргнавме. После возење низ уличките во Ханиоти, ја најдовме “вилата”. Од надвор заличуваше на онаа од сликите, но далеку да беше иста. Влеговме, прашавме и да, бевме на вистинското место. Се качувавме по скалите нагоре. Газдерицата ( баба од 70 години) едвај да знаеше да каже 3 зbорови на англиски. Ни ја отклучи собата. И ни покажува во ходникот од спратот дека тука ни е заедничкото купатило кое ќе го делиме со сите соби на спратот, а имаше 4 соби, со се нашата. Иста приказна и за кујната. Веднаш реагиравме, но таа само стискаше раменици. Велеше дека тоа е тоа и дека таа нема ништо со нас туку агенцијата. Во понудата имаше и паркинг, а во дворот можеа да влезат само двa автoмобила. Исто така беше наведено дека има и интернет, а го немаше. Собата беше чиста, но се друго не беше така како што сме се договориле, раскажува Милена.

Откако се пожалиле во агенцијата и откако кажале дека ќе одат се правно, и дека истата ќе биде пријавена, и дека ќе биде објавено по медиумите, од агенцијата им понудиле друго сместување. 

- И да, после два дена малтретирање, земавме друго сместување, но одморот ни се претвори во замор, вели таа. 

Милена упатува апел со сите кои се уште не заминале на годинеш одмор да бидат многу внимателни од каде и како резерираат аранжмани, потенцирајќи и вашиот одмор да се претвори во хаос како нивниот.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.