Искрена исповед на една мајка: Некогаш сум лута, преморена, нервозна, но тоа не ме прави лоша личност

Не е лесно да се биде мајка.

Photo by Bethany Beck on Unsplash

Често се наоѓате во ситуација да морате да балансирате низ многу обврски и се прашувате дали можете да издржите. Тешко ви е да воспоставите солиден и квалитетен однос со сопругот, истовремено грижејќи се сооветно да ги воспитате децата, но и да ги завршите сите обврски кои чекаат на вас. Се споредувате со другите, се прашувате како тие се носат со обврските.  

Но, секоја жена се соочува со свои предизвици.

Секоја жена во себе носи сомнеж дека не може да поднесе сè што и дава животот. Таа се прашува дали може да изгради здраво и квалитетно семејство, со деца кои се добро воспитани и кои ќе пораснат во здрави и среќни поединци.

Некогаш не успевате да ја измиете косата и одите на работа, па потоа чувствувате како да не сте доволно средени. Некогаш, алиштата остануваат подолго во машината за алишта. Но, кога нешто нема да постигнете, треба да знаете дека не е крај на светот. Не дозволувајте да се изгубите себеси, мислејќи дека сè мора да биде онака како што вие сте замислиле, или пак како што некој ви рекол дека треба. Никој не може да се носи со сите обврски и тоа е сосема во ред.

Она што е најважно е да постои разбирање во семејството и да знаете дека вашиот труд е ценет и препознаен. Важно е да ги научите децата дека вложувањето во семејството и во заедничкиот однос доаѓа од сите страни. Можеби сопругот не можете да го смените, но она што можете да го направите е отворено да споделите како се чувствувате. Кога во бракот постои љубов и почит, секако дека ќе наидете на разбирање.

Не си ставајте поголем товар од оној кој можете да го поднесете. Вие сте мајка, хероина, но не можете сè одеднаш и секогаш. Не го заборавајте тоа.