Исечените стари дрвја низ Скопје ќе станат декоративни

Дел од дрвјата што ќе се сечат низ Скопје ќе станат декоративни. Екипите на ЈП„Паркови и зеленило“ почнаа со украсување на веќе исечените дрвја низ Градскиот парк. 

Засега во форма на куќа со прозорци, врати, покрив и двор е уредено едно дрво. Од Градот велат дека ги очекуваат реакциите на граѓаните, па во иднина ќе продолжат со уредување во декоративни форми и на други дрвја.