Град Скопје со оглас за испитување на загадувањето од огревните дрва

Град Скопје објави оглас преку кој бара економски оператор за „проширување на испитувањето на загадувањето на амбиентниот воздух од согорувањето на дрвото како средство за затоплување“.

Испитувачот кој ќе биде одбран за да ја прави анализата ќе добие 1.694.915 денари, а времетраењето на договорот треба да изнесува 14 месеци.

Кандидатот треба да има акредитирана лабораторија за технички испитувања и соодветна опрема за мерење на РМ10 честички и мерење на концентрацијата на левоглукосан во тој состав..

Анализата во 2016-та спроведена од страна на градските власти потврди дека најголемото загадување на амбиенталниот воздух во главниот град е последица само од начинот на кој се затоплуваат домаќинствата. 

Тогаш екологистите реагираа дека е добро што за прв пат по толку години градските власти јавно проговорија дека начинот на кој се затоплуваат домаќинствата е најголем причинител за загадувањето на воздухот, па во таа насока апелираат државата да ги понуди најдобрите алтернативи за да се спречи овој проблем.