Во една грејна сезона во Скопје се користат 317.000 тони дрва, што е еднакво на сите дрвја на Водно

Во текот на една грејна сезона во Скопје е користат 317.000 тони дрва, што е еднакво на сите дрвја што ги има на Водно.

Толкава шумска површина се сече во другите делови на земјата за жителите на главниот град и на регионот околу него да се затоплат во само една година. Следната сезона ќе се исече уште едно Водно и тоа ќе продолжи и во наредните години ако не се преземат мерки.

Но, загадувањето не доаѓа само од греењето на дрва.  Голем придонес во загадувањето на воздухот има и палењето на пластика, лакирани материјали, јоргани, облека и друго ѓубре. 

Дури 45 отсто од домаќинствата во градот се греат на огревно дрво, 30 отсто на електрична енергија, а само 21 отсто се приклучени на парно, а греењето најмногу придонесува за загадување на воздухот.